Alkoholizam (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 16 | Nivo: Filozofski fakultet, Skopje

       Алкохолизмот е болест широко распространета во светот и кај нас. Тоа е зависност која ја уништува секоја клетка во човековиот организам, а најмногу и меѓу првите ги уништува мозочните клетки. Заради тоа многу брзо се појавуваат промени во личноста и карактерот, изменето однесување, несогласување со околината, а особено со членовите на семејството кои најмногу ги чувствуваат последиците од алкохолот. Како секојдневен сведок на многу семејни тргедии, сакам да нагласам дека лекувањето од алкохолната болест е многу сложен и долготраен процес - зависи од самиот зависник, но и од подршката која во текот на лекувањето, алкохоличарот, кој се одлучил да апстинира, ја добива од своето семејство. Затоа, кога еден алкохоличар ќе одлучи да се лекува, се лекува и целото семејство, бидејќи основно во лекувањето не е само алкохоличарот да престане со пиењето, туку уште поважно е да ја одржи апстиненцијата. Потребно е апстинентот во целост да го смени начинот на живеење и однесување, но исто така и членовите на неговото семејство треба да се пренаучат како да живеат со секојдневните радости и проблеми - трезвено, без алкохол. Ова е сложен и долготраен процес, кој не може да се одвива само во рамките на здравствените установи. Единствени места каде е возможен овој процес се Клубовите на лекувани алкохоличари.
          Кога човек ќе почне да се занимава со поправањето на самиот себе, ќе ги согледа сите свои недостатоци и штом ќе ги осознае, должен е и да ги поправи. Поправањето на самиот себе е најдобриот начин за воспитување на своите и туѓите деца, како и на возрасните луѓе. А што правиме ние? Велат, не е добро без вино и ракија кога купуваш, продаваш, договараш, пред се на празници, крштевки, свадби, погреби… Може да се каже дека при секое продавање, купување, за условите треба добро да се размисли, а не да се очекува човекот да се напие. Но, тоа сеуште е најмало зло. Да кажеме, ќе дојде празник. Празник значи прекинување, одмор од секојдневните активности. Човекот има можност за се состане со семејството, роднините, пријателите, да поразговара, да се развесели. И, што е најважно, може да размисли за своето однесување, за мирот во душата. Но, наместо разговор, веселба со пријателите и роднините, луѓето се опиваат со вино и ракија и наместо да размислат за мирот во душата - пцујат, честопати кавги, се тепаат помеѓу себе. Или крштевањето! Се родил човекот, треба да се размисли како убаво да се воспита. А за убаво да се воспита, треба човекот самиот да се поправи, да се одвикне од лошото и да се научи на добро, додека наместо тоа - вино и ракија, пијанчење… Исто е, дури полошо на свадбите. Се согласиле млади луѓе да живеат во слога, љубов и мир, да одгледуваат и воспитуваат деца. Би требало да им се покаже пример за добар живот. Наместо тоа - повторно вино и ракија. Најглупаво е на погребите. Заминал човекот од каде што е дојден, од Бога кон Бога. Може да се каже дека треба да се размисли за душата, ако не веднаш, тогаш на враќање од гробишта, каде е закопано телото на таткото, мајката, братот кој заминал таму каде сите ние одиме и што никого нема да го заобиколи. И што наместо тоа? Вино и ракија и сé што произлегува од нив. А ние велиме - не е добро човек да не се напие, така од стари останало. Но, старите не сфатиле дека тоа е лошо. Но, ние сфаќаме. А кога сфаќаме, тогаш треба да прекинеме со алкохолот и глупостите што одат со него. Ако човек прекине со алкохолот една година - две, нека се заврти и ќе види дека, прво, за една година останале доста пари во куќата, второ, многу глупави и лоши зборови, а исто така и лоши дела останале неизречени и ненаправени, трето, во семејството ќе има повеќе слога, љубов и мир, четврто и најважно, во душата на човекот ќе му биде многу подобро, ќе ја почувствува радоста на вистинскиот, корисен човечки живот - корисен за себе, уште повеќе за неговите најмили.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!